Да не беше Америка, Украина немаше да постои, вели новиот прв човек на НАТО, Марк Руте
Украина не би постоела како земја без поддршката на САД, изјави новиот генерален секретар на НАТО и поранешен долгогодишен холандски премиер, Марк Руте.
На прес-конференцијата во Брисел тој потсети дека САД потрошиле десетици милијарди долари за поддршка на Украина.
– Да разјасниме: Украина веројатно не би постоела денес како земја без поддршката на САД – рече Руте.
Според него, ситуацијата на бојното поле е тешка за Украина.
Руте смета дека е виден „ограничениот напредок на руската армија на бојното поле оваа година“.
Зборувајќи за рускиот нуклеарен арсенал, Руте нагласи дека Алијансата е свесна за новата доктрина на Русија на тоа поле, но не гледа закана дека Москва ќе користи нуклеарно оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да не беше Америка, Украина немаше да…
Украина не би постоела како земја без…
ТЕЖОК ПОРАЗ НА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА: Генералот Сирски…
Руските трупи го окупираа Угледар, откако еден…
Иран тврди: 80 отсто од лансираните проектили…
Иранската државна телевизија објави дека 80 отсто…
Израелците го нападнаа главниот град на Сирија;…
Тројца цивили загинаа, а девет се ранети…
Портпаролот на израелската армија му се закани…
Даниел Хагари, портпарол на израелската војска, потврди…