Да ѝ помогнеме на Теодора, 24-годишна мајка на 18-месечно бебенце

t

Почитувани хумани луѓе,

Се обраќаме до Вас со надеж и верба дека заедно можеме да ѝ помогнеме на Теодора Ампова, 24-годишна девојка од Македонија, која веќе неколку месеци води една од најтешките животни битки – борба со метастатски карцином на ректум, кој се проширил и на белите дробови. Дијагнозата е потврдена со хистопатолошки наод, а во текот на лекувањето се спроведени бројни дијагностички испитувања, хемотерапии и радиотерапија.
Од поставувањето на дијагнозата, Теодора храбро ги помина сите препорачани третмани во Македонија. Прво беше спроведена прва линија на системска хемотерапија, проследена со палијативна радиотерапија, а потоа и втор циклус на хемотерапија со FOLFIRI и Bevacizumab. И покрај големата борба, дисциплината и силната волја, контролите покажаа дека болеста продолжува да напредува, особено во белите дробови.

По детална анализа на медицинската документација, Medicana Health Group – Ataköy, Истанбул, предводена од проф. д-р Еркан Доган, ја прифати Теодора за понатамошно лекување. Болницата препорачува нови специјализирани испитувања, молекуларно генетско тестирање, биопсија доколку е потребно и започнување на третолиниски системски третман, кој вклучува таргетирана терапија и орална хемотерапија.

За жал, лекот Lonsurf (Trifluridine/Tipiracil), кој е клучен дел од препорачаниот третман во комбинација со Bevacizumab, не е достапен во Македонија, поради што мора да биде набавен преку Турција. Ова дополнително го отежнува лекувањето и значително ги зголемува трошоците.
Знаеме дека ниту една донација не е мала. Секој придонес, секое споделување и секој збор на поддршка носат надеж дека Теодора ќе ја добие шансата која ја заслужува.
Таа има само 24 години. Пред неколку месеци живееше нормален живот, со планови, соништа и иднина пред себе. Денес нејзината единствена цел е да продолжи да се бори и да добие уште една можност за лекување.
Од срце ви благодариме што сте дел од оваа борба. Вашата поддршка може да значи продолжување на нечиј живот.
Секоја донација и секое споделување се чекор поблиску до нова надеж за Теодора.

ЛИНК ЗА ДОНАЦИЈА: https://ecrowd.mk/projects/2ea678f1-da9b-4516-a7da-f42abd6b0813

View this post on Instagram

A post shared by iNFOMAX mk (@infomax.mk)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Политико: НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за…

Земјите од НАТО разгледуваат нова воена финансиска…

Центарот за македонски јазик од Лерин бара…

Центарот за македонски јазик од Лерин апелира…

Изгубена е жена во Скопје, последно е…

Во 15.15 часот во дворот на училиштето…

Израелските сили врзале со лисици и тепале…

Италијанскиот новинар Алесандро Мантовани денес изјави дека…

Рубио ѝ нуди помош на Куба, но…

Марко Рубио испрати порака до кубанскиот народ…