Дваесет и седум деца користат 20 квадрати додека чекаат да заврши реконструкцијата на градинката „Мајски Цвет“ во Карпош која требаше да биде пуштена минатиот месец
Дваесет и седум децата седат во дваесет метри квадратни, бидејќи иако била започната во мај минатата година, никако да заврши реконструкцијата на градинката Мајски Цвет во Општина Карпош. Додека граѓаните алармираат за лошите услови во кои се згрижени децата, Општината апелира на трпение и разбирање, иако реконструкцијата требаше да биде завшрена минатиот месец.
„Проектот за реконструкција на ЈУОДГ Мајски Цвет е во завршна фаза. Предвидениот рок за завршување до крај на јануари е продолжен од оправдани причини бидејќи се работи за стар, наследен проект. Станува збор за новоградба, која претставува над 70% од целиот објект. При самата изведба на реконструкцијата произлегоа дополнителни и непланирани градежни работи, се оштетија постојни делови кои во моментот се санираат, со цел на децата да им обезбедиме сместување во здрав, удобен, стерилен и топол амбиент“, велат за Инфомакс од Општината.
Прашавме и дали е точно тврдењето на дел од родителите дека сите групи користат вкупно два тоалети, и дека како што тврдат родители, дел од поголемите деца излегуваат надвор зошто не можат да издржат да чекаат ред во тие два тоалети кои ги има, одговор не добивме.
На прашањето на Инфомакс, дали има средства за довршување на стариот дел, каде што се лоцирани јасли и кујната, велат дека има средства за довршување на градинката каде што се јасли и кујната, но кога ќе се случи тоа не кажуваат.
„Општина Карпош предвиде дополнителни средства за довршување на градинката, опфаќајќи го и стариот дел каде што се лоцирани јасли и кујната, во Буџетот за 2026 година“, ни одговорија од таму.
Инаку децата во моментов се сместени во поранешните општински бараки, претходната општинска администрација ги отстапи при преместувањето во новата општинска зграда, со цел да има каде да бидат сместени децата додека трае реконструкцијата, која иако требаше да биде веќе завршена, не се знае кога ќе биде пуштена во употреба.
Премиерот Христијан Мицкоски на почетокот на јануари на социјалните мрежи објави дека е започната реконструкцијата, но на фотографиите ниту малку не изгледа дека реконструкцијата е во завршна фаза.
А. Тодески
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дваесет и седум деца користат 20 квадрати…
Дваесет и седум децата седат во дваесет…
Ограбена филијала за брзи кредити во Карпош
Ограбено финансиско друштво на подрачјето на општина…
Кучињата во Карпош не биле од Албанија…
Викеденов на социјалните мрежи се појавија фотографии…
„Лајка“ ги заловува кучињата кои се појавија…
По огромниот револт на јавноста по социјалните…
Мицкоски од Гевгелија: Пуштена е во употреба…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес пушти…