Двајца Бугари имамиле охриѓанец: Му земале повеќе од милион денари!

t

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.И.(51) и Г.М.(56), двајцата од Благоевград, Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторени 21 кривично дело „измама“.

Пријавените, во периодот од 17.08.2022 до 10.09.2022, телефонски им се јавувале на повеќе повозрасни лица од Охрид и, лажно претставувајќи им се, ги известувале дека блиски членови на нивните семејства биле тешко повредени во сообраќајни несреќи.

Притоа, доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им ветувале дека за одредена сума пари можеле да им помогнат за нивно ослободување од кривична одговорност.

На овој начин, пријавените предизвикале вознемиреност кај оштетените граѓани, а во три случаи од оштетените добиле пари со што се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 1.077.320 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не прифаќаме одложено дејство: Бугарите од Македонија…

Бугарите во Република Македонија бараат да се…

„Илинден“: Вистината на виделина за измислените Бугари…

Раководството и членството на Македонското друштво „Илинден“-Тирана…

Мицкоски: Бугари во Устав се најмал проблем

За Мицкоски е поважно што, како што…

Вооpужена преcметка на Халкидики, pанети тројца Бугари

Во популарното туристичко место во Грција, Халкидики,…

(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…

Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…