Двајца косовски државјани уапсени во Скопје: Во „голф“ им пронашле над 230.000 фалсификувани евра

t

Вчера во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, лишени се од слобода Ф.Р.(30) и Т.Т.(44), двајцата државјани на Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик.

Имено, при извршен преглед на возило “голф” во кое биле двете лица, пронајдени се пари во различни валути и апоени (евра, американски долари, швајцарски франци и британски фунти) со вкупна вредност од околу 230.000 евра.

Пронајдените пари се одземени, а лицата се спроведени во Полициска станица Центар за понатамошна постапка. По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца косовски државјани уапсени во Скопје: Во…

Вчера во Скопје, од страна на полициски…

Франција регистрираше повеќе од 14.000 пожари и…

Франција од почетокот на сезоната регистрирала околу…

Николоски: Секогаш сме спремни за избори

Власта е подготвена за избори во секој…

Кривична пријава за стружанец: Се заканувал на…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе…

САД го ратификуваа договорот за заем од…

Амбасадата на САД во Тирана во објава…