Двајца скопјани предизвикале пожар на две товарни и едно патничко возило кај спортскиот центар „Јане Сандански“
На 08.10.2025 во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје на општина Аеродром во Скопје биле опожарени товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки и товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.С. од Прилеп.
Во 02:50 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а по преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица Аеродром и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради сомнение дека го предизвикале пожарот, на бул.„АСНОМ“ од слобода се лишени Ф.Ц.(23) и И.Ц.(24), двајцата од Скопје.
Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца скопјани предизвикале пожар на две товарни…
На 08.10.2025 во 02:20 часот во СВР…
Истрага за злоупотреби и малтретитање во приватни…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Почина Панчо Минов – поранешен пратеник и…
Почина Панчо Минов, еден од најистакнатите политичари…
Петмина уапсени поради наводен обид за атентат…
Пет лица се уапсени во Еквадор поради…
Осуденик без една нога го сместиле на…
Осуденик со инвалидитет долго време се качувал…