Двајца ученици со потекло од БиХ се меѓу жртвите во Грац

Утрово во училиште во австрискиот град Грац се случи пукотница, во која беа убиени најмалку 10 лица. Меѓу нив, како што пишува босанскиот Klix.ba, има и двајца ученици по потекло од Босна и Херцеговина, додека едно се бори за живот.
Амбасадата на Босна и Херцеговина во Австрија претходно за овој портал изјави дека нема официјални или неофицијални информации за убиените граѓани на Босна и Херцеговина.
Меѓу жртвите се две лица по потекло од Босна и Херцеговина кои немаат државјанство на таа земја. Станува збор за 17-годишниот ученик К.Ј. и девојката Х.А. кои им подлегнале на повредите. Оваа информација ја потврди имамот на џамијата „Бошњак“ во Грац, Хафиз Сабахудин Хасиќ. Како што неофицијално објави медиумот, лекарите се борат за животот на уште едно лице по потекло од Босна и Херцеговина.
Нападот во Грац го изврши 22-годишниот поранешен ученик на средното училиште, Австриецот Артур А.
Тој утрово влегол во училиштето со пиштол и пушка и испукал неколку десетици куршуми. На крајот, извршил самоубиство во училишниот тоалет, каде што бил пронајден од полицајци кои го евакуирале училиштето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Монструмот од Грац ѝ испратил проштално видео…
Вооружениот напаѓач осомничен за убиство на десет…
„Беше тивок, никогаш не би рекол дека…
Во масакрот во училиштето во Грац убиени…
Во масакрот во Грац убиена 15-годишната Леа…
15-годишната Леа Бајрами, родена во градот Витина…
Двајца ученици со потекло од БиХ се…
Утрово во училиште во австрискиот град Грац…
Учениците ќе се возат бесплатно во автобусите…
Од ЈСП Скопје информираа дека средношколците кои…