Два земјотреси во две минути во Делчево и Берово!
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 25.07.2024 година, регистрираше два земјотреси чии епицентри припаѓаат на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 125 km југоисточно од Скопје. Првиот земјотрес се случи во 18 часот и 28 минути и е со измерена Рихтерова локална магнитуда ML3.6, додека вториот во 18 часот и 30 минути е со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотрес почувствуван е од населението во градовите Берово, Делчево и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека вториот III степени според истата скала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес рано утрово во Словенија
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според…
Одрони пред Делчево, магла на Плетвар и…
АМСМ соопшти дека на два километра пред…
Водата во Берово не е за пиење,…
Водата од водоводната мрежа во Берово може…
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Р.(71)…
Пожарот почнал од кујна, направена е голема…
Пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир во Берово…