Две лица од Труција со привремен престој, се сомничат дека предизвикувале пожар

t

На 20.09.2025 во 18:00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Џ.К.(50) и А.А.(43), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје. Тие се сомничат дека на плац во Горно Нерези, скопско, предизвикале пожар.

Имено, додека работеле со апарат за заварување, од искрите настанал пожар на сува трева, кој се проширил и надвор од плацот. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две лица од Труција со привремен престој,…

На 20.09.2025 во 18:00 часот полициски службеници…

Мицкоски: Победникот е јасен, веќе правиме план…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека исходот од…

Кој ќе одговара за труењето на граѓаните…

Повеќе од 500 илјади жители на Скопје…

Тепачка во Зајас, одземено оружје

На 20.09.2025 во 15:50 часот, во селото…

Во Штип вчера имало над 100.000 на…

Во Штип вчера имало над 100.000 посетители…