Објавено на:

Дебатата во ЕУ се вжештува: Рама прифаќа членство и без право на вето

t

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека неговата земја е подготвена да оди чекор понатаму во процесот на европска интеграција, дури и доколку тоа значи привремено ограничување на правото на вето за идните членки на Европската Унија.

Според Рама, Албанија е целосно посветена на евроинтеграциите и останува 100 отсто усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Тој нагласи дека земјата нема да се двоуми да ги преземе сите неопходни чекори за да стане дел од Унијата.

Изјавата доаѓа во период кога во Брисел се разгледуваат нови пристапи за проширување, меѓу кои и моделот „чекор по чекор“, кој би им овозможил на земјите-кандидати постепен пристап до европскиот пазар и институции, уште пред полноправното членство.

Рама оцени дека актуелните геополитички околности и војната во Европа бараат пофлексибилни и поиновативни решенија за забрзување на интеграцијата на Западен Балкан, наместо долги и сложени бирократски процедури.

Во исто време, Европската комесарка за проширување Марта Кос потврди дека во рамките на ЕУ се водат разговори за различни опции за реформирање на процесот на проширување, со цел тој да стане поефикасен и пофункционален.

Таа сепак предупреди дека сите механизми за заштита на вредностите и правилата на Унијата ќе останат строго активни, особено доколку идните членки отстапат од демократските стандарди и европските принципи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дебатата во ЕУ се вжештува: Рама прифаќа…

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека неговата…

Ценовен хаос: Еврото пристигна, инфлацијата експлодира во…

Помалку од шест месеци по воведувањето на…

Костадинов се налути го навредувале откако го…

Некој или некои членови на СДСМ ширеле…

Перински: Министерството за локална самоуправа нема добиено…

Министерот за локална самоуптрава Златко Перински изјави…

Тошковски за барањата за оставка: МВР во…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…