Деветмина Македонци побарале евакуација од Израел, небото останува затворено до понеделник
Во моментов девет лица – македонски државјани – официјално побарале асистенција за евакуација од Израел, соопшти МНР.
„Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба. Во оваа фаза, препораката до нашите државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено“, стои во соопштението од МНР.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, како и преку дежурните служби, е во континуирана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани за потребна помош и координација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Деветмина Македонци побарале евакуација од Израел, небото…
Во моментов девет лица – македонски државјани…
Муцунски: Стоиме зад САД во справувањето со…
Ние стоиме зад нашите американски сојузници во…
Трамп: Сè што сакам е слобода за…
Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата изјави…
ЕУ за израелско-американските напади врз Иран: Остануваме…
Претставници на Европската Унија се изјаснија за…
Израелските власти веруваат дека шефот на Исламска…
Израелските власти проценуваат дека командантот на Корпусот…