Девојка нападнала полицаец со нож во Белград, тој ја застрелал во ногата
Во центарот на Белград, пред полициската станица Савски Венац, рано утрово околу 4 часот, 24-годишна државјанка на Босна и Херцеговина со нож нападнала полицаец на должност, кој потоа ја ранил во ногата, дознава српски Телеграф.
Според српските медиуми, инцидентот се случил на влезните скали на станицата. Полицаецот прво се обидел да избегне повеќекратни напади и да ја совлада девојката, но таа не се откажала од нападот и покрај неговите предупредувања. За да се одбрани, полицаецот бил принуден да го употреби службениот пиштол и ја застрелал во ногата.
Девојката е однесена во болница
Девојката по инцидентот веднаш била однесена во Военомедицинската академија (ВМА). Според првичните информации, таа е свесна, комуникативна и претрпела повреда на долниот екстремитет. Полицијата спроведе истрага на лице место. Мотивот за нападот врз службеното лице засега е непознат и ќе се утврди за време на детална истрага што ќе ја спроведат надлежните органи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девојка нападнала полицаец со нож во Белград,…
Во центарот на Белград, пред полициската станица…
Европратеничката Јовева: Не е фер Македонија да…
Мислам дека не е фер Северна Македонија…
Без вода и струја делови на Кисела…
Без струја денеска од 8 до 14…
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на…
Денеска се празнува Светиот маченик Арета
Овој свет маченик пострада за Христовата вера…