Девојка од Богданци измамила седуммина во Скопје, земала пари однапред за фиктивен стан
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 22-годишна жителка на Богданци, која во периодот од 15 јули до 29 септември годинава измамила седум луѓе во Скопје, земајќи им однапред пари за изнајмување стан кој таа воопшто го немала.
Обвинетата ги лажела жртвите дека ќе им го изнајми фиктивниот стан и ги навела однапред да ѝ исплатат во готово одреден паричен износ, како аванс.
„По претходно објавени огласи за изнајмување станови преку социјалната мрежа Фејсбук, секој од оштетените телефонски ja контактирал обвинетата и таа лажно им прикажала дека ќе им изнајми стан, барајќи да ѝ исплатат пари како аванс пред да се вселат. По уплатата, на секој од оштетените им давала на рака клучеви како да се од изнајмените станови на различни локации во Скопје. Меѓутоа, клучевите не одговарале на становите што наводно им ги изнајмувала и во нив живееле други луѓе. На овој начин обвинетата од оштетените прибавила пари во вкупен износ од 74.200 денари“, велат од Обвинитеството.
Поради опасност од бегство, обвинетата е во притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курир од Скопје лажно пријавил дека го…
Дебарската полиција поднесе кривична пријава против Б.Б.(22)…
Харадинај: Курти ја остави косовската војска без…
Шефот на опозициската Алијанса за иднината на…
Девојка од Богданци измамила седуммина во Скопје,…
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог…
Ирина Трајкоска Стрезоски избрана за директорка на…
Обвинителката Ирина Трајкоска Стрезоски од Вишото јавно…
Додик: БиХ нема да го признае влезот…
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска…