Демант на МНР: ISO кодовите остануваат МК и МКД, НМ е само за протоколарни потреби

t

Информираме дека појавените информации за промена во начинот на кој Република Северна Македонија се именува или обележува во НАТО, преставуваат тенденциозна шпекулација наменета за нарушување на угледот и на земјата и на Алијансата.

Според правилата на НАТО, кои донесени далеку пред нашето членство, за протоколарни потреби земјите се означуваат со целосните имиња, и тоа соодветно на транскрипцијата во англиската азбука (English Alphanumerical), освен кога тоа е технички неизводливо.

Со цел да не се промени редоследот, земјите – членки се одбележуваат со првите две букви од името на земјата, и тоа, доколку е тоа со еден збор, или со првите букви од двата збора, како во нашиот случај кога името е од повеќе зборови.

Целта на ова правило е соодветно да се адаптираат целосните имиња на земјите без притоа да се наруши азбучниот ред на англиски јазик по кој се подредени земјите, што, пак, е исто така правило во рамките на Алијансата.

Согласно горенаведеното, за Северна Македонија (North Macedonia) се користи кратенката NM, a соодветно, според азбучниот ред, земјава се наоѓа меѓу Холандија (Netherlands – NE) и Норвешка (Norway – NO).

Истото правило кое важи за нас, посочуваме дека е применето и за кратенките кои се користат за некои други земји – Турција (TU), Германија (GE), Данска (DE), кои исто така не соодветствуваат со нивните ISO кодови.

Што се однесува до интерните акти на Алијансата, онаму каде е тоа специфично наведено, се користат кратенките од ISO системот, каде нашата држава редовно е обележана со соодветните ISO кодови – МК и МКД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) НАТО во кое Македонија членува ни…

НАТО во кое Македонија членува не го…

Да не се повтори: На денешен ден…

На денешен ден пред 24 години почнаа…

Поминат првиот филтер: Парламентарна комисија од Турција…

Комисијата за надворешни работи при турскиот Парламент…

Браво ќе ни кажат: Македонија е четврта…

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар…

Србите џабе се бунат: Крајната цел на…

Претседателката на Косово, Вјоса Османи денеска разговараше…