Демант од Општина Кисела Вода по повод прес коференцијата на Левица

t

Во врска со изречените невистини на прес конференцијата на член од Левица, партија која има советници во Советот на Општина Кисела Вода, и како таква би требало прво да биде информирана, а потоа и загрижена за вистинитоста на информациите што ги пласира, Општина Кисела Вода сака да реагира со следниот демант.

Имено, на посочената локација, од наша страна уште пред неколку месеци, се утврдени градежни активости. На терен се излезени инспекциските служби, при што градежните активности се запрени поради евидентирано градење со неважечко одобрение од пред 17 години. За преземените мерки, во Општина Кисела Вода постои записник од 10.01.2022 година. На лицето кое градело му е посочено дека одобрението што го поседува е ништовно, бидејќи е издадено пред повеќе од 20 години и е ништовно според сите законски норми кои велат дека за 9 години од издавањето на одобрение, изградениот објект треба да биде впишан во Катастар, а истиот не е ни изграден. Во меѓувреме, состојбата на терен е дополнително променета со изградба на уште еден далновод, така што со новиот ДУП, издавањето на нова дозвола за градба на оваа локација е невозможно. Во моментот, во тек е изготвувањето на решение за рушење од инспекциските служби на Општина Кисела Вода, за што е информирано и лицето кое градело, но и советникот на Левица кој го постави прашањето. Како што во многу наврати ја информиравме јавноста, Општина Кисела Вода постапува неселективно и без толеранција кон било кого и кон изградба на било какви градби кои се во спротивност со законските норми, за што е доказ рушењето на неколку нелегално изградени објекти во текот на изминатите месеци, нешто што се случува за првпат во историјата на Општина Кисела Вода. Сакаме да упатиме јасна порака дека оваа институција работи и ќе работи само законски и секогаш ќе стои зад граѓаните, а не зад криминалот. Оттука сметаме дека било какви инсинуации и пласирани лаги се само страв од новиот начин на работа кој граѓаните го препознаваат, поздравуваат и поддржуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…