Демант од Србија: Лага е дека Македонија забранила српски киви, туку ние реагиравме за грчки производ

t

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) на Србија денеска експресно ги демантираше македонските власти кои тврдеа дека Македонија вовела забрана за увоз на киви од Србија. Од Министерството се категорични: информацијата е пласирана без проверка на фактите и е целосно неточна, 4њуз.

Вистината е сосема спротивна – не Македонија, туку српските власти биле тие што реагирале, и тоа не за српски, туку за грчки производ.

Што всушност се случило?

Според појаснувањето од МЗШВ, проблемот настанал на српската граница при влез на стока која само транзитирала или се реекспортирала преку нашата држава.

Кој стопирал? Српската гранична фитосанитарна инспекција.

Што е стопирано? Две пратки на индустриски киви.

Чии се кивите? Кивите е со потекло од Грција, а се вршел реекспорт од Северна Македонија.
Српските инспектори донеле решенија за забрана на увоз и ги вратиле пратките назад во земјата на испраќање.

Забраната не е политичка или трговска мерка, туку строго санитарна. При рутинска контрола, во пратките со грчко киви било утврдено присуство на медитеранска овошна мува (Ceratitis capitata).

Оваа мува се води како „карантински штетен организам“ и не е присутна на територијата на Србија, поради што нашиот северен сосед строго го штити својот екосистем од нејзино внесување.

 

Извор: 4Њуз

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демант од Србија: Лага е дека Македонија…

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ)…

Кумановци ќе протестираат за оданочувањето на приходите…

Неколку илјади кумановци, кои претежно работеле во…

Зеленски: Се појавија нови идеи за крај…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал…

Лукаревска: Владата ги намали парите за загаден…

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната…

(Видео) Вучиќ: Дојдeте, стрелајте, направете го тоа,…

Српскиот претседател Александар Вучиќ одговори на повиците…