Демократски сојуз: Да се преговара за Охридската архиепископија е велепредавство

Партнерот во Владата, Демократскиот сојуз, вели дека македонско-бугарската историска комисија „не е надлежна да разговара и преговара за историските аспекти на Охридската архепископија, по што треба усогласен текст да се вгради во учебниците за основно образование“.
Според Демократскиот сојуз, „Охридската архепископија е поврзана со вековното опстојување и посебноста на македонскиот народ, поради што да се преговара за тоа дали оваа архепископија е македонска или бугарска е рамно на велепредавство.
Евентуалниот договор ќе биде дел од Протоколот, тоа значи и дел од Преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори со ЕУ. ДС бара записникот од преговорите јавно да се објави и доколку за ова прашање е разговарано, Комисија (од македонскиот дел) да биде разрешена и во неа да се изберат историчари резистентни на политичко влијание“, се вели во партиското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марин Ле Пен прогласена за виновна за…
Марин Ле Пен, лидерката на француската екстремна…
Гостиварец летал со 173 километри на час…
Полицијата вчера во 14:55 часот на автопатот…
Зеленски не прифаќа никаков документ за минерали…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…
Иранскиот врховен лидер вети цврст одговор во…
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи…
Навалица на институциите за обезбедување на противпожарна…
По пожарот во Кочани, институциите во потрага…