Демолиран штабот на СДСМ во Јегуновце на Велигден
На најголемиот христијански празник – Велигден, во општина Јегуновце бил демолиран штабот на СДСМ.
Од партијата соопштуваат дека овој чин не претставува само напад врз СДСМ, туку и врз основните демократски вредности, правото на различно мислење и соживотот во заедницата.
„Каква порака се испраќа до граѓаните кога на ден на воскресение и надеж се случуваат вакви дела на вандализам? Дали ова е општеството во кое сакаме да живееме?“ стои во реакцијата.
СДСМ остро го осудува инцидентот и повикува на разум, смиреност и меѓусебна почит, нагласувајќи дека Јегуновце мора да остане место на мир и заедништво, а не на поделби и омраза.
Од партијата упатуваат и повик до надлежните институции, меѓу кои и Министерството за внатрешни работи, да го истражат случајот и да ги пронајдат сторителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демолиран штабот на СДСМ во Јегуновце на…
На најголемиот христијански празник – Велигден, во…
Ова е премногу! Бискуп го нападна Трамп…
Објавата на американскиот претседател Доналд Трамп, во…
СДСМ: Груевски и Мицкоски останаа без Орбан
СДСМ реагираше по изборните резултати во Унгарија,…
Американскиот носач „Линколн“ вплови во Оманскиот Залив…
Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“…
Близу 150 долари по барел – „Индепендент“:…
Европските цени на нафтата достигнаа рекордно високо…