Денеска е Водокрст, ден пред Богојавление-Водици

Денеска, денот пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, православната црква го одбележува денот познат како Водокрст кога се извршува голем Богојавленски водосвет.
Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости само на вода. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот.
Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите поврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани за три дена: 18 јануари – Водокрст или Водопост, 19 јануари – Богојавление (Водици) и 20 јануари – Собор на Свети Јован Крстител.
Утре, 19 јануари, е познат под имињата Богојавление и Водици, но во некои краишта се спомнува и како Војордание или Машки Водици.
Вториот ден, 20 јануари, е празникот Собор на Свети Јован Крстител, познат и како Женски Водици, кога главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. На тој ден, именден слават сите чие име е изведено од името Јован.
Водици е празник над празниците и во различни делови од Македонија се одбележува со многу интересни и неповторливи фолклористички обреди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) И македонските деца во Сиднеј скокаа…
Далеку од дома, но традицијата во срцата.…
(Фото галерија) Скопје и годинава на традиционален…
Православните верници ширум Македонија и во Скопје…
Кристијан Нинески е среќниот верник кој годинава…
Во осветените води на Вардар, чин кој…
Руската амбасада на православните христијани им го…
Руската амбасада во Македонија на православните верници…
Васко Довлев од Варош го извади осветениот…
Васко Довлев од Варош беше најсреќниот меѓу…