Денеска се празнува Преподобен Висарион

t

Роден и воспитан во Египет. Рано се предаде на духовен живот и не ја извалка духовната одежда во којашто се облече со Светото Крштение. Го посети свети Герасим на Јордан и го чу свети Исидор Пелусиот. Го победуваше своето тело со голем пост, со бденија, но колку што можеше го криеше својот подвиг од луѓето. Еднаш четириесет дена стоеше на молитва, не јадејќи и не спиејќи. Имаше голем дар на чудотворство. Постојано место на пребивање немаше, туку до длабока старост живееше по шумите и долините. Исцелуваше болни и вршеше многубројни чуда заради полза на луѓето, а во слава на Бога. Се упокои мирно во 466 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Преподобен Сисој Велики

Родум Египќанин и ученик на свети Антониј.…

Денеска се празнува Преподобен Атанасиј Атонски

Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители.…

Денеска се празнува Светото царско семејство Романови

Последниот руски цар, Николај II Романов се…

Денеска се празнува Светиот маченик Јакинт

Млад дворјанин на царот Трајан, потаен христијанин.…

Денеска се празнува Полагањето на ризата на…

Во времето на царот Лав Велики (458–471),…