Денес се празнува Свети Ефрем, патријарх Антиохиски

t

Во времето на византискиот цар Анастасиј Ефрем беше војвода од источните страни. Им беше познат на сите заради неговата голема побожност и милосрдие и за ова беше многу ценет. Кога требаше да се обновува Антиохија, разурната од земјотрес и оган, царот го одреди војводата Ефрем да раководи со таа работа. Својата должност овој си ја исполнуваше со прилежност и љубов. Меѓу обичните работници ѕидари кај него имаше и некој епископ, којшто од непознати причини го беше оставил епископството и работеше како обичен работник, па никој не знаеше дека тој човек е епископ. Еден ден овој човек прилегна да се одмори од тешкиот напор со останатите работници и заспа. А војводата Ефрем виде како од него се извива огнен столб до небесата. Зачуден и ужаснат Ефрем потоа го повика човекот и го заколна да му каже кој е тој. А човеков долго се стеснуваше, но најпосла призна дека е епископ и му прорече на Ефрем дека набрзо ќе биде посветен за патријарх Антиохиски (местото на патријархот беше испразнето, зашто во земјотресот загина стариот патријарх Енфрасиј). И навистина, тие денови Ефрем беше избран и посветен за патријарх. Заради неговата добрина, чистота и ревност за Православието, Бог му даде голем дар на чудотворство. Еднаш, за да убеди еден еретик дека Православието е вистинито, тој го стави во оган својот омофор, а самиот Му се молеше на Бога. Омофорот стоеше во оган три часа и остана неоштетен. Штом го виде тоа еретикот се преплаши и ја отфрли ереста. Во 546 година Свети Ефрем мирно се упокои и се пресели во Царството Божјо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Свети Ефрем, патријарх Антиохиски

Во времето на византискиот цар Анастасиј Ефрем…

Денес се празнува Преподобен Висарион

Роден и воспитан во Мисир. Рано се…

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ…

Епископ Тирски од времето на Диоклецијан па…

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх…

Неговиот татко Дометиј, брат на римскиот цар…

Денес се празнуваат Светиот маченик Лукилијан и…

Остарен како незнабожец и идолски жрец Лукилијан…