Објавено на:

Ден на жалост во Косово поради смртта на Олбрајт

t

Косовската претседателка Вјоса Османи го прогласи петок 25 март за ден на жалост поради смртта на Медлин Олбрајт, поранешната државна секретарка на САД.

Претседателката Османи во своето образложение истакна дека Олбајт е голем пријател на Косово.

„Во знак на државна почит, петок, 25 март 2022 година, во Република Косово е прогласен за Ден на жалост во спомен на големата пријателка на Косово, Медлин Олбрајт, која почина вчера. Госпоѓа Олбрајт ја знаеше болката на нашиот народ затоа што и самата доживеа прогон како дете, па остана одлучна против Милошевиќ се додека не се прекине неговиот геноцид на Косово“, рече Османи.

Таа додаде дека Олбрајт неуморно го поддржувала Косово до последен здив и затоа народот на Косово засекогаш ќе ја памети.

Со одлука на претседателката, државните знамиња ќе бидат спуштени на половина копје на сите државни објекти на Косово, внатре и надвор од државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почнува да се имплементира проектот „Безбеден град“…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна…

Земјотрес почувствуван во Гостивар и Тетово, епицентарот…

Земјотрес со интензитет од три степени по…

На првиот ден од Новата година сончево…

На првиот ден од Новата година утрото…

Од денеска возачки дозволи со новото уставно…

Од денеска возачките дозволи со старото име…

Првото бебе во 2025 година е машко

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство…