Детектив тврди дека девојката на Матеј „мати“ нешто

t

Приватниот детектив Браца Здравковиќ се осврна на интервјуто на другарката на исчезнатиот сплиќанец Матеј Периш, Маја Шопта, во кое таа вели дека не можела да одговори на неговиот повик таа кобна ноќ, бидејќи се обидувала да го паркира автомобилот по снег и мраз. Здравковиќ вели дека го почувствувал недостаток во емоциите кои Маја ѝm ги пласирала на гледачите.

Во еден момент таа вели дека сите треба да престанат да водат истрага за исчезнувањето на Матеј бидејќи така ја попречуваат полицијата во работата. Не знам дали тоа важи и за неговиот татко кој дојде од Сплит. Со самото тоа што тој е тука и дава изјави за исчезнатиот син како родител, според нејзината приказна, тој ја попречува истрагата на српската полиција, изјави Здравковиќ во емисијата „Чудни приказни“ на Јутјуб.


Тој потенцираше дека право на секој родител е да си го бара своето дете. Нему му е сомнителна и изјавата на Маја дека немала контакт со Матеј во периодот кога исчезнал.

Маја во интервјуто кажа и една чудна работа. Дека имала голем проблем да се паркира пред ресторанот поради снегот и мразот и дека не е навикната на такви услови и дека поради таа причина не му се јавила на Матеј. Меѓутоа, во Белград немаше снег и мраз. Бев во градот, беше сончево и убаво време. Можеби таа беше во Владивосток, зошто во Белград немаше снег, вели тој.

Приватниот детектив инсистира дека емоциите на Маја не изгледаат искрено.

Не ми делуваше како да пати по исчезнатиот пријател. Таа рече дека го познавала од гледање, бидејќи во Сплит се занимавале со истата работа. Цело време зборуваше за себе, ни еднаш не кажа што превзела за тој да биде најден. Зборува како поминала на полиграф, а зошто била на полиграф ако нема нешто сомнително околу неа и нивната врска. Зошто го покажува пасошот? Имам впечаток дека добила режирана приказна што треба да каже за тоа интервју, вели детективот.

Здравковиќ вели дека можеби греши, но дека според неговата интуиција, во приказната на Маја нема искреност или желба да се најде исчезнатиот сплиќанец.

Цело време се правдаше, затоа имам чувство дека нешто крие. Да исчезнeше мој пријател, би ми било важно само да знам каде исчезнал, од која причина и дали некогаш ќе биде пронајден. Во ниеден момент од интервјуто не видов знак прашалник што се случи со Матеј и каде исчезна. Никогаш не им верувајте на жените кои плачат без солзи. Таа не пролеа ниту една солза. Ако тоа е болка и тага, тогаш нека ѝ е секоја чест, вели детективот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НÈ ОЧЕКУВА ПЕКОЛНО ЛЕТО КАКВО ШТО НЕ…

Најпознатиот светски метеоролошки сервис AccuWeather објави летна…

ДЕДОТО НА ИЛИЈА БИЛ ВО ИНВАЛИДСКА КОЛИЧКА,…

Морничаво мирно е во населбата Атеница во…

ПОВРЕДЕН РУДАР СВЕДОЧИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО СОКОБАЊА:…

Директорот на Општата болница во Алексинац, д-р…

(Видео) Западот знаел за нападот на Украина…

На Твитер се појави видео од рускиот…

Гранатиран камп за сместување на меѓународни сили…

Меѓународниот камп за сместување на меѓународните сили…