Децата и родителите тероризирани: Испаничени дечињата од „Браќа Миладиновци“ откако со аларми се ваделе преку прозорци по дојавата за бомба!

Децата од скопското ОУ „Браќа Миладиновци“ во Аеродром денеска биле шокирани и преплашени откако по дојавата за бомба со аларми и пожарникарски возила биле вадени надвор од зградата. Оние од првиот кат морале да излезат преку прозорците.
Како што раскажуваат родителите за „Република“, децата не можеле да си дојдат на себе, а дополнително било проблем и да ги земат и смират зошто насекаде имало пожарникаски возила и не можеле ни да ги соберат.
Еден од татковците што стигна прв им купил чоколади, банани, водички да си дојдат на себе, раскажуваат родителите.
Пораки да ги земат децата добиле и родителите од ОУ „Киро Глигоров“ во Центар.
Според насоките со децата сме надвор спроти училиштето. Ве молиме кон е во можност да си ги земете децата, затоа што подолго ќе бидеме надвор, пишува во пораките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари: Четворица од пациентите кои се лекуваат…
Во моментот, во Скопје се лекуваат 24…
71-годишен возач удрил во 80-годишен пешак, со…
На 26.03.2025 во 16.25 часот во Полициското…
„Кој е следен?“ на 29 март пред…
Граѓанското движење „Кој е следен?“, в сабота…
(Видео) Костова: Папаја за Владата, трошки за…
Срамна, понижувачка и крајно неодговорна е одлуката…
Потона подморница во Црвеното Море, има загинати
Се претпоставува дека во подморницата имало околу…