ДЗС: Апел за заштита од пожари до сопствениците на угостителски објекти и организатори на новогодишни прослави
Во пресрет на претстојните празници, кога традиционално се организираат предновогодишни и новогодишни прослави, забави, а и јавни собири во угостителските објекти, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) апелира до сопствениците и организаторите да постапуваат одговорно и целосно да ги почитуваат прописите за заштита од пожари и за безбедност на посетителите, а секако и за брза евакуација и при други итни случаи на загрозеност на животот и здравјето на граѓаните и при други опасности.
Истовремено, ДЗС се заблагодарува на медиумите за подигање на јавната свест во правец на превенцијата и заштитата од пожари, а и од други природни и други опасности и закани за граѓаните, а и за материјалните добра во државата.
Со цел заштита на животот и здравјето на граѓаните, ДЗС посочува дека е задолжително:
целосно да се почитува максимално дозволениот број посетители на организираните настани, согласно капацитетот и важечките прописи;
објектите да бидат соодветно обезбедени со исправна противпожарна опрема, којашто е неопходно непречено да биде достапна за итна употреба и што е редовно одржувана;
коридорите, излезите и патиштата за евакуација да бидат постојано чисти, проодни и без пречки;
излезните врати за евакуација да бидат отклучени и функционални за непречено напуштање на објектите во случај на пожар или друга опасност;
да се почитува забраната за користење на пиротехнички средства и да не се користи отворен пламен во затворени простории или други потенцијално опасни материјали спротивно на законските прописи;
персоналот да биде информиран и подготвен за постапување во случај на итна состојба. Почитувањето на овие превентивни безбедносни мерки не е само законска обврска, туку е и морална одговорност на секој сопственик и организатор на масовни настани кон неговите гости и вработени.
Истовремено, ДЗС се заблагодарува на сите медиуми за нивната работа и покажување голема општествена одговорност за подигање на јавната свест во насока во правец на превенцијата и заштитата од пожари и други опасности, при што со заеднички активности и работа придонесуваме новогодишните прослави да поминат во безбедна, пријатна и свечена атмосфера, без ризици и несакани последици, а секако и во идниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: Апел за заштита од пожари до…
Во пресрет на претстојните празници, кога традиционално…
Најнови податоци: Во државава има 91 377…
Бројот на невработени лица во второто тримесечје…
Гори кај тетовско Желино
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување…
Бугарија нуди помош за гаснење на пожарите,…
Република Бугарија понудила помош за справување со…
Стари хермелини, на кои им се инсталирани…
Дирекција за заштита и спасување доби пожарна…