Објавено на:

Дилерите во Белгија со нова тактика: Дрогата ја рекламираат со графити и на „Снепчет“

t

Белгиската полиција соопшти дека ова е шема што претходно е забележана во Брисел и најави зголемени патроли.

На графитите се наведени цените на хашишот и канабисот, како и корисничката сметка на мрежата „Снепчет“, која, според полицијата, често се менува, според Фламанската радио и телевизија (VRT).

Портпаролката на полициската зона на долината Зене, Анелин Аданг, изјави дека ова е феномен што се проширил од Брисел во околните области.

„Овие пораки не се пишуваат на нивните продажни места. Тие продаваат дрога на подалечни локации што ѝ се познати на полицијата и каде што веќе се запленети големи количини наркотици“, рече градоначалникот на Синт-Питерс-Леув, Јан Десмет.

Тој верува дека целта на графитите е првенствено да ги провоцираат државните институции.

„Вистинска игра на мачка и глушец е. Сторителите знаат дека не сакаме ваков вид графити, па затоа продолжуваат да ги поставуваат. Ние ќе продолжиме да ги отстрануваме“, рече тој.

Полициската зона на долината Зена соопшти дека поставила целни патроли за следење на феноменот, пренесе „Танјуг“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дилерите во Белгија со нова тактика: Дрогата…

Белгиската полиција соопшти дека ова е шема…

Малолетник со мопед удри 84-годишен пешак во…

Осумдесет и четиригодишен пешак се здобил со…

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и…

Сообраќајот на државните патишта во земјава се…

Апасиев и делегација на Левица оддадоа почит…

По повод 82 години од Првото заседание…

Пожарникарите се борат со пет активни пожари…

На ден 02.08.2026 година, до 13:00 часот,…