Димитриевски: Утре Куманово ќе маршира за сите наши предци кои создадоа држава, а овие денеска ја продаваат на кило
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски вечерва информираше дека утре (четврток, 14.07.2022 година) Куманово ќе маршира во име на сите предци кои создадоа држава, а денеска истата се продава.
„Време е да го разбудиме ПАРТИЗАНСКОТО во нас! Утре Куманово ќе маршира! Да маршираме заедно сите во име на Карпош, Еребица, Шабани, Перо Чичо, Фетак, Менков, Которка, Бузо, Нацева, Шајче и многу други наши предци кои ни создадоа држава, а овие денеска ја продаваат на кило. Ве повикувам сите драги мои Кумановци без разлика на нација, вера и определба да излеземе утре (четврток) сите во 19:30 часот во центарот на градот (Улица Лењинова) и да упатиме јасна порака чија крв тече низ нашите вени. Се гледаме утре! Да живее Куманово! Да живее Македонија!“, порача Димитриевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…
Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…
Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…
Ама премирот наш најави бум: Светска банка…
Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…
Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…