Димитриеска-Кочоска: Ќе ја намалиме акцизата ако има големо поскапување на нафтата
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изрази жалење што секогаш во криза се наоѓаат профитери. Таа рече дека на вчерашниот состанок во Владаат со сите претставници на нафтените компании, ниту еден не кажал дека има каков било проблем со залихите.
Како Министерство за финансии, рече министерката Димитриеска-Кочоска, тие можат да делуваат во делот на акцизите.
– Ако се прогласи кризна состојба, за што се надлежни други во државата, на Министерството на располагање му стои Законот за акцизи каде што се поставени стабилизатори и во зависност од надминатите ценовни прагови, акцизите може да се намалат за 1,2, или 4 денари – рече министерката.
Таа пренесе дека на состанокот се зборувало и за контролите на бензинските пумпи. Владата била информирана дека за 24 часа се направени контроли на 100 бензински пупи и дека само во две немало бензин, со образложение дека се транспортира од главниот склад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитриеска-Кочоска: Ќе ја намалиме акцизата ако има…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изрази жалење…
Америка ѝ дозволи на Индија да купува…
По месеци притисок врз Индија да престане…
Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, можен притисок…
Премиерот Христијан Мицкоски ја оцени безбедносната состојба…
Цената на нафтата надмина 80 долари!
Цените на нафтата нагло пораснаа поради проблемите…
Американски војници упаднаа на танкер што превезувал…
Припадници на американската армија синоќа упаднаа на…