Дипломатски (не)успех по средбите во Давос?

t

Форумот во Давос ги подели политичките фактори во земјава. За СДСМ е дипломатски скандал и медиумски мрак, додека Владата обвинувањата ги оцени како празни обиди за дефокусирање на јавноста.

Според социјалдемократите, настапот на македонската делегација во Давос ја отсликува реалната политика на Владата и на премиерот Христијан Мицкоски, која, како што велат, ја води државата кон целосна меѓународна изолација. Од СДСМ обвинуваат дека, наместо средби со европски и светски лидери, премиерот остварил контакти со ограничен број партнери, меѓу кои и компанијата „4iG“, за која велат дека не е обичен пазарен играч, туку е тесно поврзана со унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидес.

СДСМ:

,„Ова не е случајно, туку дел од поширок план за изолација на нашата земја од ЕУ, поттикнат од анти-ЕУ кампањата што ВМРО веќе некое време ја води, одбивајќи реформи и компромиси неопходни за европската интеграција, што ја загрозува иднината на следните генерации. СДСМ со длабока загриженост ги следи најновите случувања во телекомуникацискиот сектор во нашата земја, кои откриваат ланец на влијание што се протега од Будимпешта преку Белград до Скопје“ велат од СДСМ….

Од Владата, пак, ваквата реторика на опозицијата ја оценуваат како дефокус, кој, според нив, произлегува од недостиг на сопствени идеи и програми. За Телевизија 24 велат дека македонската делегација во Давос остварила бројни средби со високи претставници на меѓународни институции и заедници.

Влада на Република Северна Македонија

,,Македонската делегација во Давос оствари бројни средби со високи претставници на меѓународни институции и бизнис заедницата, учествуваш на панел посветен за енергетиката на кои беа афирмирани државните приоритети, економските политики и можностите за инвестиции. За разлика од времето на СДСМ, кога државата беше синоним за корупција, криминал и нарушен меѓународен кредибилитет, денес Македонија е препознаена како сериозен и стабилен партнер, со јасна визија за економски раст и регионална соработка. Обвинувањата на опозицијата се обид за дефокусирање на јавноста од сопствениот недостаток на идеи, програма и кредибилитет и единствени кои се изолирани во овој момент се токму СДСМ. Тие ќе продолжат да шират лажни наративи, а Владата ќе продолжи активно и одговорно да ја претставува државата на сите меѓународни форуми, во интерес на граѓаните и економијата“ велат од Влада.

Инаку, овогодишниот Форум во Давос помина во сенка на несогласувањата и политичките тензии меѓу европските лидери и американскиот претседател Доналд Трамп. Регионалните лидери, меѓу кои и српскиот претседател Александар Вучиќ, на социјалните мрежи објавија дел од средбите што ги остварија со европски и светски државници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дипломатски (не)успех по средбите во Давос?

Форумот во Давос ги подели политичките фактори…

ССМ повикува на масовен протест за повисоки…

Минималната плата на 600 евра, а сите…

Превозниците во ПАНИКА! Европските земји депортираа 100…

Логистичкиот конзорциум на Босна и Херцеговина, кој…

Групација за производство на цигари при Стопанската…

Групацијата за производство на цигари, која е…

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од…

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на…