Дијана Хрка пренесена во приватна болница
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој почина при уривање на настрешница во Нови Сад, вечерва беше однесена од местото каде што штрајкуваше со глад во близина на српскиот Парламент – пренесуваат спрските медиуми.
Како што може да се види на видеото објавено на социјалните мрежи, Хрка била однесена во инвалидска количка од ветераните кои биле со неа претходните денови во српскиот парламент, а таа била свесна и во инвалидска количка кога влегла во болницата.
Хрка веќе 11 дена штрајкува со глад, барајќи правда за настраданите од несреќата при падот на настрешницата од Железничката станица во Нови Сад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Внимавајте: Измамник собира донации во име на…
Кон крајот на месец април бев контактирана…