Добра вест: Владата ги укина задолжителните сертификати за влез во земјава

t

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во нашата земја на граничниот премин задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред влезот во Македонија или негативен брз антиген тест направен 48 часа пред влезот во земјата.

На денешната седница Владата донесе одлука да биде укината и мерката домашна изолација/карантин во времетраење од седум дена за лицата кои при влез на граничните премини нема да приложат еден од досега предвидените сертификати или потврди.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата со препорака Службен весник да ја…

Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…

Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…

Законот за средно обеазование е повлечен од…

Владата ќе го раскине 17 милиони евра…

Владата планира да го раскине договорот со…

(Видео) Османи: Не размислуваме да влеземе во…

Во оваа Влада не размислуваме да влеземе,…

(Документи) Фалинки или фалсификати во образованието на…

Во која нормална држава за директор на…