Добра вест за пензионерите: Априлските пензии ќе почнат да се исплаќаат од вторник
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец април 2022 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 21.04.2022 година кои треба да обезбедат пензионерите да може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.04.2022 година.
Со оваа информација Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2022 година (вторник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2022 година (среда);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2022 година (четврток); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.04.2022 година (петок ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчевска: Почнаа наддавањата на големите партии кој…
Професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук пишува дека…
(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…
Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…
Македонските пензии најниски во регионот
Пакетот антикризни мерки кој помпезно се најавува…
Штипските пензионери протестираа за линеарно покачување на…
Штипските пензионери со транспаренти, но и со…
ВНИМАВАЈТЕ: Измамник успеал да земе 200.000 денари…
Измамник успеал да придобие 200.000 денари од…