Добра вест за пензионерите: Еве кога ќе започне исплатата на јулските пензии

t

Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за јули 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 јули, а деловните банки од 27.07.2022 година да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и трговската мрежа.

Како што соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста, готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, според постигната согласност од банките ќе се спроведе во четири групи (4 денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред.

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2022 година (среда); за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2022 година (четврток); за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2022 година (петок), и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.08.2022 година (понеделник), се наведува во соопштението од владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВНИМАВАЈТЕ: Измамник успеал да земе 200.000 денари…

Измамник успеал да придобие 200.000 денари од…

Најниската пензија треба да биде 20.000 денари,…

Пензионерите револтирано реагираат дека зголемувањето на септемвриската…

Тренчевска: Пензионерите добиваат покачување на пензиите од…

Околу седум проценти покачување ќе добијат пензионерите…

Косово ќе дава еднократка помош од 100…

Вработените во јавните служби во Косово ќе…

Од 30 август започнува исплатата на августовските…

Од 30 август ќе почне исплатата на…