Добро утро со Инфомакс: “Верувам во Македонија!” – 19 години од трагичната смрт на Претседателот Борис Трајковски
Денеска се навршуваат 19 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој заедно со осумчлената делегација трагично загина во авионската несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година во Ротимље во близина на Мостар.
Борис Трајковски е роден во Струмица во 1956 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во 1980 година. Специјализирал деловно право и право на работни односи.
За претседател на Република Македонија беше инаугуриран на 15 декември 1999 година, наследувајќи го Киро Глигоров. Како претседател беше посветен на демократски идеали и на евроатланската ориентација на Република Македонија, а значаен е неговиот придонес во надминување на воената криза од 2001 година.
Во чест на Претседателот, денеска издвојуваме неколку негови мисли и ставови преку кои ја покажува својата посветеност кон државата.
„Ние мора да создадеме општество засновано од индивидуалци, не од колективни групи и граѓани, не од етнички групи. Моја визија е да создадеме општество засновано на демократија, владеење на правото и слободна пазарна економија и конечно да создадеме општество засновано на доверба. Ние го правиме тоа, но не е доволно само да се зборува за демократија, а истовремено да се дозволува цветање на криминалот и корупцијата“, говореше Борис Трајковски.
Размислувам за две работи на дневна основа: што е правилно да се прави и што е погрешно во мојата улога како претседател на мојот народ. Според мојата совест, се обидувам да се придржувам до правото. Мојата визија е мир. Мојата визија е просперитет.
Република Македонија се гради на демократски идеали и вредности, а не на етнички групи. Тие идеали и вредности вклучуваат економски можности, јазични и образовни можности, верски права и политички процеси.
Мојата вера е многу важен дел од мојот живот. Не чувствувам дека случајно сум станал претседател на оваа држава, туку дека сум избран затоа што никој не може да ме обвини дека ги фаворизирам Албанците муслимани или православните.
Запомнете ги сите тие референци за Македонија како оаза на мирот на Балканот. Вие навистина го цените (мирот) само кога сте го изгубиле.
Верувам во Македонија!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…
Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…
Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…