Добро утро со Инфомакс: Кое е најдобро време за пиење кафе?

t

На многумина денот им почнува со кафе, без разлика дали се пие дома или на пат до канцеларија или на факултет. Меѓутоа, истражувачите велат дека ова не е најефективно време за пиење на првото кафе.

Хронофармакологијата е научна дисциплина што се занимава со испитување на лекови и додатоци за нашиот организам и најдоброто време за нивно консумирање. Очигледно биолошкиот часовник влијае врз дејството на одредени лекови, па соодветно и врз пиењето кафе.

Така, за будењето веќе се погрижил вашиот биолошки часовник, па со самото тоа утринското пиење кафе станува помалку ефективно, пишува „Новости“.

Доколку сте се навикнале да пиете кафе наутро и не сакате да се одвикнете од оваа навика, најдобро е да го поместите времето на пиење за два часа. Така, доколку се будите во 8 часот, најдобро е да пиете кафе во 10 часот, кога нивото на кортизол паѓа и стануваме поспани, па кафето би било најефикасно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) СЛЕДЕТЕ ИНФОМАКС! Митовски: Најавувам нова мега-афера…

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, во денешната…

Инфомакс во живо од Крива Паланка: Детали…

Следете го во живо вклучувањето на Инфомакс…

“Голема акција”: Царинската управа заплени 35 килограми…

На граничниот премин „Табановце“, Царинската управа запленила…

Среќна Нова година ви посакува екипата на…

Нека новата 2023. година ви донесе пред…

Инфомакс дознава детали за полициската акција: Тигрите…

Инфомакс дознава детали од денешната акција на…