Добро утро со Инфомакс: Одамна ќе изгрееше сонцето на слободата во Македонија и во светот ако не беше таа тактика на големите држави да прават најчудовишни злосторства за задоволување на својата незаситена дрчност

t

Голем дел од македонските револуцинери, дејци на ВМРО, биле интелектуалци, учени луѓе кои за нивното, а и за нашето време имале напредни идеи и поинаков поглед кон светот.

Меѓу нив секако треба да се истакне и Димо Хаци Димов кој смета дека дипломатијата нема да ѝ донесе ништо добро на Македонија затоа што таа не е водена од човекољубие, туку од желба за задоволување на големите сили.

Добро утро Македонци, во продолжение прочитајте што мислеше Димо Хаџи Димов за македонското прашање:

Ослободувањето на Македонија не може да биде друго освен предмет на најгрубо и надмено бесчестие од страна на дипломатскиот свет, зашто тука се истакнуваат најјарко аспирациите и мечтите на големите сили. Односите на последниве кон несреќите на македонскиот роб, какви и да стануваат во текот на времето, не можат да бидат добродетелни и хумани. И нека изјавиме уште отсега дека ако на Македонија ѝ е пишано да се ослободува исклучиво по дипломатски ред, без активното учество на самите Македонци, кое е мошне неверојатно, тогаш овој „хуман”, како што ќе го наречат, акт ќе биде продукт на грубо материјални и спекулативни сообразувања. Впрочем, за ова не треба да зборуваме, зашто одбегнатата рамнотежа помеѓу државите старателки, докажано е, не се нарушува без сериозни бунтови и безредици. Овдека исто така нека изјавиме дека не би постоело никакво источно прашање ако не беше таа фатална тактика на големите држави да прават најчудовишни злосторства за задоволување а својата незаситена дрчност. Одамна ќе изгрееше во Македонија, како и насекаде каде што има потреба, сонцето на слободата, ако само човекољубивост ја движеше дипломатијата! Бидејќи одамна и мошне одамна постојат условите и потребните мотиви за една таква патриотска постапка од страна на силите. Зарем не гледаат тие дека од векови се измачува безбожно еден кроток народ, осквернувајќи му ги светите чувства, мисли и желби? Тие го гледаат, но за несреќа пасивно ропско негодување не е доволно да ја предизвика нивната благородна интервенција: тие само го унесреќуваат уште повеќе и без тоа злосреќниот народ, како во непомирливата омраза и нетрпеливост, што ги чувствуваат меѓу себе, се заборават и се подбиваат со патилата на оние што во еден миг, без капка крв би можеле да се престорат во слободни граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…

Не постои запис кој ќе потврди како…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Арсовски до ВМРО-ДПМНЕ: Ако сте против…

Ако сте против Преспанскиот договор имате 80…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…