Добро утро со Инфомакс: Тој што ги знае Гоце и Јане, што пеел со сиот народ, знае колку е мила земјата наша!

t

Гого Ивановски е македонски поет и раскажувач.

Завршил високо стручно образование. Работел како новинар во Радио Скопје, потоа како уредник во Македонската телевизија. Учествувал во уредувањето на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ и книжевниот весник „Хоризонт“. Од 1946 г. членувал во Друштвото на писателите на Македонија.

Починал на 15 декември 2004 г. во Скопје.

Ивановски како и многу други поети најде инспирација во татковината и пишуваше за тоа колку е мила нашата родна земја, Македонија.

Добро утро Македонци, уживајте во “Колку е мила земјата наша”.

Тој што ги знае горите лисни
со сенки ладни в полдневна жега
и слушал како ајдучки песни
во летна вечер силно се редат

Тој што ги знае Гоце и Јане
нивните верни, другари смели
напред кога со алово знаме
скитале в гора со срца врели

Тој што е сетил афион како
навечер зрее во земја мека
тој што ги гледал сините води
на Охрид како ширно се шират
насреде чунче некаде плови
по него поглед влажен се вѕира

Тој што читал в трошна соба
Ленка на Рацин, со трепет чуден
и гледал како до доцна доба
работи Ленка тутун за други

Тој што пеел со сиот народ
зората кога се раѓала нова,
тој знае колку… колку е мила
земјата наша-земјата родна!!!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…

Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…

Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…