ДОМ на Конгрес на европските зелени: Морачанин панелист на дебатата за позитивните искуства и предизвиците за остварување на ЛГБТИК+ правата

t

Делегација на зелената партија ДОМ во состав: Маја Морачанин, Ана Угринска, Ервин Реџепагиќ и Александар Пандиловски учествуваше на Шестиот конгрес на Европските Зелени, кој се одржа од 2-4 декември, во Копенхаген.

На конгресот се дискутираше за: зелени и социјално праведни решенија за енергетската криза, зелени решенија за отпорност на системите за храна, улогата на локалните советници во постигнувањето зелена транзиција, ургентната потреба од климатска правда и одданочување на богатите за да се спаси климата.

Се разговараше и за значењето на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Унапредувањето на човековите права, правата на жените, ЛГБТИК+ луѓето и луѓето со попреченост се теми кои исто така беа во фокусот на конгресот. Лидерката на ДОМ, Маја Морачанин учествуваше како панелист на дебатата за позитивните искуства и предизвиците за остварување на ЛГБТИК+ пријателска Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОМ ќе се изјасни за францускиот предлог…

Зелената партија ДОМ, инаку дел од владејачката…

Првпат ја отвори вратата на вилата на…

Цеца Ражнатовиќ првпат ги отвори вратите од…

Им лeтнaло врапчето: Морачанин бара министерство за…

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин пред средбата…