Донев: Очигледно Ковачевски прифати Бугарите да влезат во македонскиот Устав
Покрај договорот што го потпиша Заев, фактички сега ќе има уште еден договор на кој бугарската страна инсистира, а што нашата страна прифаќа затоа очигледно премиерот Ковачевски денеска го прифати прашањето за Бугарите во Македонија, само го услови временски со прием во ЕУ. Тоа значи дека постојано правиме отстапки, вели поранешниот амбасадор Јован Донев во емисијата „Што не е јасно“.
Тој рече дека власта нас не замајува дека Петков е добриот, Радев лошиот, а Петков како премиер ја менува тактиката само со проширување на економска политика, инфраструктура.
– Бугарија има утврдена државна политика кон Македонија, а Македонија очигледно прифаќа, никој не ни наложил да ги прифатиме тие 5+1 или никој не ни забранил да се спротивставиме на мешањето на Бугарија во внатрешните работи на Македонија, истакна Донев.
Нема што да очекуваме од Ковачевски и Османи, тоа е прифатено, без никаков реципроцитет, вели тој во однос на внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.
– Тука се гледа капацитетот на македонскиот премиер и министер за надворешни. Тие немаат познавања ниту за суштината на проблемот со Бугарија, ниту како функционира нивната надворешна политика, нивните принципи, тие немаат појма. Затоа што никој не побарал од нас да прифатиме тоа што Бугарите бараат, се очекува само да преговараме, но штом има соговорник како што е македонската владата која веднаш прифаќа, само се подига прагот. Ова е истата приказна што ја правеше Заев, потенцираше Донев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калајџиев: Политиката е таа што го корумпира…
Професорот Гордан Калајџиев говорејќи за реформите во…
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…
Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…
Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…
Гаража или паркинг место за автомобил во…