Дончиќ како инспирација за Лејкерс да го „згазат“ градскиот ривал

Лука Дончиќ синоќа беше претставен како нов играч на Лос Анџелес Лејкерс, а неколку часа подоцна имаше можност да седи покрај клупата и да гледа како неговиот тим го гази градскиот ривал.
Лејкерс како гости славеа со 122-97, а Словенецот имаше што да види, особено од својот нов соиграч Леброн Џејмс. Ветеранот постигна 26 поени, 9 асистенции и 8 скока со што уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма и покрај тоа што има 40 години. Можеби ќе постигнеше и трипл дабл ако поради високата предност, тренерот Џеј Џеј Редик не го оставеше на клупа во завршницата од натпреварот.
Се беше решено во првото полувреме кое Лејкерс го добија со 73-50. Домашната екипа, која првпат го пречека својот градски ривал во новата арена, немаше своја вечер, особено Ленард и Харден кои комбинирано постигнаа 18 поени.
Лејкерс со ова им избегаа на Клиперс на табелата во Западната конференција и ја продолжија потерата по четвртопласираниот Денвер. Кон крајот на оваа или почетокот на идната недела се очекува и дебито на Дончиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јужна Кореја тврди дека Ким Џонг Ун…
Војската на Јужна Кореја денеска соопшти дека…
(Видео) Хамас го нападна Израел додека Додик…
Звукот на експлозии се слушнаа во позадината…
Трамп најави „трајни“ царини за странски автомобили
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата…
Македонија одбележува пет години членство во НАТО
Македонија денеска одбележува пет години од членството…
Полски генерал: Од руски напад би можеле…
Полската армија има доволно резерви за да…