Доцнат платите за наставниците

t

До редакцијата на „Инфомакс“ пристигнаа коментари и информации дека веќе со денови доцни исплатата на декемвриската плата за наставниците во основното и средното образование.

Просветните работници кои законски своите плати треба да ги добијат до десетти во месецеот, a денеска скоро десет дена подоцна од предвидениот рок се уште немаат добиено ништо.

Граѓаните се изреволтирани и на социјалните мрежи прашуваат до каде се нивните месечни плати.

„Инфомакс“ побара одговор од Министерството за образование и наука.

„Постапката за исплата на плати е целосно завршена во МОН. Понатаму, општините ги префрлаат средствата кон вработените во училиштата. 

Доколку имате информација дека во одредена општина не е реализирана исплатата, потребно е да се обратите до локалната самоуправа “ – велат од МОН.

Испративе прашања и до Министерството за финансии и Државниот просветен инспекторат, но до сега од таму не добивме одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доцнат платите за наставниците

До редакцијата на „Инфомакс“ пристигнаа коментари и…

ССМ: Бараме раст на платите веднаш!

На годишно ниво инфлацијата изнесува 4,5 проценти,…

Над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата…

„Над 11.000 фирми не исплатиле плати, причините…

Платите на наставниците во Бугарија од денес…

Платите на наставниците во Бугарија од денес…

Синдикатот на полицијата бара покачување на платите…

Синдикатот на полиција во Македонија упати барање…