До 17 часот правото на глас го искористиле 32 547 гласачи во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

t

На повторените избори не е потребна излезеност од една третина на гласачите, туку за да се избере градоначалник треба за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половина од излезените избирачи

До 17:00 часот, на повторените избори за градоначалник кои денеска се одржуваат во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 32 547 гласачи, што претставува 25,39 отсто од вкупно запишаните 128 286 гласачи – покажува статистиката на веб страницата на Државната изборна комисија.

Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.

Најголема излезност е забележана во општина Врапчиште, каде до 17 часот гласале 7 984 гласачи, односно 29,28 отсто.

Во Гостивар своето избирачко право го искористиле 20 887 гласачи, што е 25,23 отсто.

Во Центар Жупа гласале 934 гласачи, односно 12,35 отсто, додека во Маврово и Ростуше гласале 2 742 гласачи, што претставува 25,93 отсто.

Согласно Изборниот законик, на повторените избори не е потребна излезеност од една третина на гласачите, туку за да се избере градоначалник треба за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половина од излезените избирачи, вклучувајќи ја и Центар Жупа, каде што има само еден кандидат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До 17 часот правото на глас го…

На повторените избори не е потребна излезеност…

Кубанските војници разочарани од „предавството“ на руските…

Кубанската војска остро реагираше на одлуката за…

Стармер во разговори со сојузниците за можно…

Британскиот премиер Кир Стармер води разговори со…

Аца Лукас: Ноќеска се обидоа да ме…

Српскиот пејач Аца Лукас објави на Инстаграм…

Нападната бугарската амбасада во Скопје

На 11 јануари годинава, непознато лице изврши…