Објавено на:

Драма во американски затвор: Сериски убиец го убил цимерот во затворска ќелија

t

Осудениот сериски убиец Рамон Ескобар е осомничен дека убил цимер во затворска ќелија во затворот во централна Калифорнија, соопштија денеска американските власти.

Ескобар (51) ја делел ќелијата во затворот Северен Керн во Делано со Хуан Вилануева, чија смрт се третира како убиство, соопшти Одделот за поправки во Калифорнија.

Вилануева (53) во петокот околу 09:00 часот бил пронајден без знаци на живот и покрај обидите да се спаси, многу брзо била констатирана смрт.

Убиениот издржувал доживотна затворска казна, со можност за условен отпуст, за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Ескобар, кој е осомничен за убиството на Вилануева, е сместен во самица, каде што чека истрага.

Судскиот лекар од округот Керн ќе ја утврди причината за смртта, соопштија локалните власти.

Ескобар отслужува доживотна затворска казна, без можност за условно ослободување, откако минатата година призна дека убил пет лица и повредил уште седум други. Тој, исто така, признал дека ги убил својата тетка и вујко во Хјустон во 2018 година.

Обвинителите рекоа дека Ескобар побегнал од Тексас откако убил роднини и бил бездомник додека не почнал да убива во Лос Анџелес и Санта Моника во 2018 година.

Своите жртви ги убивал со секачи за жица или со безбол палка додека спиеле на улица или на клупа. Сите биле бездомници, освен едно лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кавадарчанец пронашол експлозив во ѕидот од својот…

Жител на Кавадарци при реновирање во неговиот…

Додик најави дека ќе има средба со…

Претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој…

Израел се заканува дека ќе го „елиминира“…

По најновиот бран ирански ракетни напади, израелскиот…

Дизелот поскапува за 2,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Полициско возило и „ауди“ направиле сообраќајка: Петмина…

На булеварот „Србија“ и улиците „3 Македонска…