Драма во Финска: Хакерски напад и руски авиони на небото додека говореше Зеленски
Веб-страниците на владата и на неколку министерства на Финска денеска беа мета на хакерски напад.
Хакерскиот напад се случи во време кога украинскиот претседател Володимир Зеленски се обраќаше пред финскиот Парламент преку видео конференциска врска.
Финската Влада ја објави веста за хакерскиот напад, а Министерството за одбрана соопшти дека руски авиони го нарушиле воздушниот простор на земјата.
Ова се случува еден ден откако Финска неофицијално соопшти дека ќе аплицира за членство во НАТО во првата недела од мај
Во веста на „Италехти“, најголемиот весник во земјата, се наведува дека подготовките за апликацијата на земјата за членство во НАТО ќе започнат на 14 април, а аплицирањето ќе се изврши во првата недела од мај.
Поранешниот фински премиер Александер Стуб, во изјавата за весникот „Афтонбладет“, нагласувајќи дека е сигурен дека Финска наскоро ќе аплицира за членство во НАТО, рече дека исто така, и во Шведска има движење кон носење одлука во оваа насока.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…