Државата преку ЕСМ ќе го преземе управувањето со БЕГ

t

Владата преку Електрани на Македонија (ЕСМ) ќе управува со БЕГ до крај на грејната сезона. Ова е одлуката која ја донесе државата со цел скопјани да имаат парно и тоа да не се исклучи од вечерва, како што беше најавено од БЕГ поради немање на гас.

„ТЕ-ТО е задолжено да произведува и дополнителна електрична енергија“, соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Утре ќе има парно греење и ќе има до крај на грејната сезона. Сите други одлуки се дел од решенијата кои ќе ги донесеме, како и мерките, финансиските средства кои треба да се обезбедат за мерките да се спроведат. До крајот на грејната сезона нема да има проблем со греењето“, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи.

„Меѓу ЕСМ и ТЕ-ТО има договор, а идната недела ќе се потпише договорот за ЕСМ да управува со БЕГ. Договорот за испорака на вишоци електрична енергија, потпишан е денеска“, рече Бектеши, што значи дека ТЕ-ТО ќе дава гас на БЕГ за скопјани да имаат топлинска енергија.

БЕГ и натаму ќе има лиценци, обзнани претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. Тој вели дека БЕГ ветиле и подобрување со снабдувањето, а откако во изминатиот период дел од граѓаните се жалеа на млаки, наместо топли радијатори.

Владата на Република Македонија на денешната 134 седница донесе Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазарот на топлинска енергија, начинот на снабдување со топлинска енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба.

Според оваа Уредба, постојаното следење, анализирање и проценување на состојбата на пазарот на топлинска енергија во Република Македонија ќе го врши Комисија за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија која ќе ја формира министерот за економија.

Финансиските средства потребни за реализација на мерките се обезбедуваат од сопствени извори на носителите на лиценци за вршење на енергетските дејности и / или од Буџетот на Република Македонија во согласност со Законот за управување со кризи и на начин определен во одлуката за прогласување на кризна состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ вчера произведе доволно за дома и…

 АД ЕСМ вчера произведе 18.543  мегават часа…

ЕСМ продале 330 MWh електрична енергија изминатото…

АД ЕСМ на 13.01.2023 година произведe 18.835…

Ковачевски се пофали: ЕСМ произведува 26,7% повеќе…

Првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски…

После тоа ќе се грееме на сонце?!…

Државната компанија ЕСМ (Електрани на Македонија) вчера…

ЕСМ повторно не успеа да ги задоволи…

АД ЕСМ на 20.11.2022 година произведе 7.616…