ДУИ: Изјавата на премиерот за албанскиот јазик е удар врз темелите на Охридскиот договор

t

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение изрази загриженост по изјавата на премиерот во Собранието во врска со употребата на албанскиот јазик, оценувајќи ја како еден од најзагрижувачките моменти во политичкиот дискурс по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Од партијата реагираат дека тврдењето на премиерот оти албанскиот јазик може да се користи „колку сакате“, но дека само македонскиот е службен, претставува директно враќање на логиката на Уставот од 1991 година и тогашниот член 7.

Според ДУИ, ваквиот став го игнорира Амандманот V од 2001 година, кој претставува темел на уставниот поредок и на меѓуетничката рамнотежа во државата.

„Овој став ја нарушува суштината на Охридскиот договор, кој не е симболичен компромис, туку реална архитектура на соживот, изградена за да ги надмине изворите на конфликт што ги создаде Уставот од 1991 година“, се вели во партиското соопштение.

Од ДУИ нагласуваат дека релативизирањето на статусот на албанскиот јазик отвора опасен пат кој директно ги засега меѓуетничките односи и ја загрозува функционалноста на мултиетничката демократија. Тие сметаат дека ваквиот пристап е обид за ревизија на темелните достигнувања на државата.

ДУИ упати јавен повик до премиерот веднаш да се повлече од изнесената позиција и целосно да го почитува уставниот поредок. Секое отстапување од овие принципи, според партијата, не е само политичка грешка, туку е удар врз самите темели на соживотот и функционалноста на државата.

Инаку, реакцијата на ДУИ доаѓа откако премиерот Христијан Мицкоски, во четвртокот одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, рече дека нему не му пречи ниту албанскиот, ниту кој било друг јазик во светот и додаде дека официјален јазик во оваа држава на целата територија е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Изјавата на премиерот за албанскиот јазик…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…

ДУИ бара мерки за заштита на животниот…

Демократската унија за интеграција преку соопштение изрази…

ДУИ: Речиси 25 милиони евра потрошени за…

Демократската Унија за интеграција (ДУИ) објави дека…

ДУИ: Промена на правилникот за цени на…

Демократската унија за интеграција обвинува дека граѓаните…

ДУИ обвинува дека нема ниту еден унапреден…

Демократската унија за интеграција објави податок дека…