ДУИ со писмо до меѓународната заедница пред одлуката на Уставен: Ова е линија што не смее да се премине!

t

ДУИ упати уште едно писмо до меѓународната заедница, но и до Албанија и Косово, дека со одлуката на Уставниот суд за преиспитување на Законот за јазиците е загрозен мултиетничкиот карактер на државата.

„Додека се наближува денот на одлуката на Уставниот суд за преиспитување на Законот за јазиците, Демократската унија за интеграција (ДУИ) уште еднаш предупредува дека ова ќе биде најголемиот удар врз мултиетничкиот карактер на нашата држава. Таквата одлука би претставувала последниот клинец во ковчегот на Охридскиот рамковен договор и директна закана за меѓуетничката хармонија што ја гарантира овој договор“, пишува во апелот.

Повикот е упатен до меѓународната заедница, САД, НАТО и ЕУ како гарантори на Охридскиот договор, до граѓанското општество, како и до Албанија и Косово. ДУИ бара тие итно да реагираат „против оваа опасност која му се заканува на духот и достигнувањата на Охридскиот договор“.

„Не можеме и не смееме да дозволиме самиот темел на мировниот договор да биде доведен во прашање. Ова е линија што не треба и не смее да се премине. Албанците се длабоко вознемирени и разочарани од овие обиди да се врати државата назад, во време кога заедничката цел треба да биде напредок кон праведно и инклузивно општество“, стои во писмото.

ДУИ додава дека ќе ги искористи сите демократски и меѓународни механизми за да ја спречи оваа опасна одлука и да ги заштити правата на Албанците и на сите граѓани на државата.

„Темелот на мирот и соживотот не е само договор на хартија; тој е гаранција за нашата заедничка иднина. ДУИ останува решена да ја брани оваа линија со сите демократски и законски средства. Секој обид за нарушување на правата, стекнати со големи жртви, ќе се соочи со најостро противење од секој граѓанин кој верува во мир, правда и еднаквост“, стои во писмото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ со писмо до меѓународната заедница пред…

ДУИ упати уште едно писмо до меѓународната…

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата…

Опозициската ДУИ оценува дека вистинското лидерство ја…

ДУИ: Двата предлози на „Вреди“ за членови…

Двата партиски предлози на „Вреди“ за членови…

ДУИ: Ардиан Демири, член на ДД на…

Демократската унија за интеграција остро реагира на…