Дури 18.498 активно заболени со Ковид-19 – Уште повеќе во изолација

t

Бројот на активни случаи секојдневно се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, нивниот број во државава достигна 18.498 од кои повеќе од половина – 9714 се во Скопје. Расте и бројот на реинфекции.

Од направени 6.353 тестови, регистрирани се нови 2.051 случај со Ковид-19 од кои 276 реинфекции, седум починати и 747 оздравени пациенти.

Директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски синоќа во телевизиско гостување рече дека околу пикот сме на сојот омикрон, имајќи предвид дека и во земјите во соседството и во земјите во Западна Европа, овој последен бран на корона инфекцијата се ширеше многу брзо и многу побрзо стивнуваше. Тој истакна дека не очекува во следните месеци и години короната да биде сериозен проблем за човештвото. Препорачува да се носат маски N95.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 249.704, бројот на оздравени пациенти е 223.053, а на починати е 8.153.

Заради ситуацијата со Ковид-19, Германија ја врати Македонија на листата на ризични земји, а нови ковид протоколи има и за влез во Финска и Хонг Конг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…

Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…

За една недела починале 4 лица: Регистрирани…

Во периодот од 9 до 15 септември…

За десетина дена ќе стигне донација од…

Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…

Две лица починале: Регистрирани се нови 213…

Од 19 до 25 август, тестирани се…

Зголемување над 60 проценти на болни од…

Од 12 до 18 август во државава…