Дурмиши: Со новите предлог-измени за игри на среќа комарот го оддалечуваме од образовните институции
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши истакна дека со новите најавени измени на Предлог-законот за игри на среќа и за забавните игри се очекува да се стесни кругот на игрите на среќа.
-За првпат носиме закон за предлог измени на Законот за игри на среќа со којшто се предвидува 500 метри оддалеченост (на казината) од основните и средните училишта. За првпат ќе има ред, поголема заштита на јавниот интерес, особено кога се работи за младите – рече министерот за економија.
Дурмиши потенцира дека ограничувањето од 500 метри не е политичка мерка, туку заштитна мерка. – Сме поставиле јасни правила бидејќи нема да дозволиме комарот да се рекламира како брз начин за да се збогатат или лесна заработка, особено во содржините кои влијаат кај младите. Целта е јасна – да се стави голема контрола и европски стандарди во борбата против оваа индустрија – рече министерот.
Со предлог-измените се очекува да се забранат и електронските игри на среќа бидејќи, како што посочи министерот, знаеме дека младите многу брзо можат да стигнат до нив.
-Како владин кабинет ќе сме против ова се додека кога целосно ќе ги отстраниме од нашата земја. И тоа го правиме. Првично, измените се првиот чекор. Го стеснуваме нивниот круг, ги оддалечуваме од местата каде што се младите и ги ограничуваме рекламирањето – рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурмиши: Со новите предлог-измени за игри на…
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши…
За паркинг на второ возило во Центар…
Во услови кога бројот на возила во…
Нуркачи од Македонија и регионот го чистеа…
Вкупно 80 нуркачи од Македонија, Србија, Хрватска…
Брат ја пронашол почината својата сестра во…
Лице на 41 година вчера (недела) приавило…
Маја Сиванјанам е новата амбасадорка на Велика…
Нова амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија…