Дурмиши: Цените се ставени под контрола, со конкретни мерки го штитиме стандардот на граѓаните

t

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, одговарајќи на прашањето поставено од пратеничката Јована Тренчевска, истакна дека Владата спроведува сеопфатни и континуирани мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и унапредување на правата на работниците.

Министерот потенцираше дека состојбата со цените е стабилизирана и под контрола.

Според официјалните податоци, инфлацијата се движи меѓу 4,5% и 4,9%, што е значително намалување во однос на кризата од 2022 година кога таа надминуваше 10%.

Дополнително, кај 55 основни производи растот на продажните цени е минимален – 0,43%, додека набавните цени пораснале за 1,01%, а трговските маржи се намалуваат, што укажува дека дел од товарот го преземаат и трговците .

Во однос на мерките, Дурмиши нагласи дека Владата донесе конкретни политики за ублажување на ценовните притисоци, меѓу кои намалување на ДДВ и акцизите за горивата, како и засилен инспекциски надзор преку Државниот пазарен инспекторат со 30 тимови на терен.

Дополнително, веќе се разгледуваат нови таргетирани мерки, вклучително и можност за намалување на ДДВ за основните прехранбени производи и повторно ограничување на маржите.

Во делот на платите, министерот истакна дека Владата води одговорна и одржлива политика.

Тој нагласи дека минималната плата не може да се утврдува со политички одлуки без економска основа, бидејќи тоа може да доведе до негативни последици врз работните места и стопанството.

Наместо тоа, има методологија со која платите се врзуваат со просечната плата и трошоците за живот, со што се обезбедува континуиран раст.

За две години, додаде тој, се зголемени платите во образованието, во здравството, во секторот безбедност – полиција, одбрана и постигнат е колективен договор со синдикатите од јавниот сектор и 11,000 административци имаат подобри плати.

Постигнат е договор, додаде тој, и во следните три години тие ќе имаат зголемување на платите и подеднакво ќе се зголемува со минималната плата.

– Во изминатиот период платите се зголемија во повеќе сектори преку колективни договори, а само по основ на усогласување со трошоците за живот има раст од околу 12%.

Дополнително, утврдена е јасна динамика за раст од по 7% во 2026, 2027 и 2028 година, што претставува вкупно зголемување од околу 21% – истакна Дурмиши.

Во врска со правата на работниците, додаде тој, секој месец во Економскиот совет имаме средби со претставниците и на синдикатите и на работодавачите од приватниот сектор.

– Ги дискутираме сите теми, и за стандардот на вработените и за животниот стандард на сите граѓани и за платите на работниците колку се добри и колку треба да се зголемат – рече Дурмиши.

Во однос на наводите за буџетскиот дефицит, министерот посочи дека Владата води одговорна фискална политика во услови на глобална економска криза, при што интервенциите се насочени кон заштита на економијата и граѓаните.

Дурмиши нагласи дека Владата останува посветена на креирање политики кои обезбедуваат стабилен економски раст, зголемување на платите и заштита на ранливите категории, врз основа на реални економски параметри, а не на популистички ветувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурмиши: Цените се ставени под контрола, со…

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши,…

Арбреша Беџети Ферати станала професор на Универзитетот…

Голем број органи во рамките на Универзитетот…

Димитровски: Уставни измени само со гаранции за…

Заменикот-министер за надворешни работи и надворешна трговија,…

Петровска: Дали уапсениот директор на Инспекторатот за…

На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката…

Кривична за полициски службеник, возеше пијан и…

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното…